АктуелноОхрид

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект поради точење алкохол на малолетници

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од
Охрид, сопственост на  лице на (43) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за
сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 04.04.2026 на тројца
малолетници им било озовоможено во објектот да консумираат алкохол, без притоа да им
биде побаран документ за идентификација.