АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Ахмед Сулејман

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман, кој на државниот натпревар по математика го освои првото место со максимални 100 поени. Со овој успех младиот Ахмед стана и првенец на генерација во Република Македонија по математика.

Дополнително, на онлајн натпреварите обезбеди пласман за учество на натпревар во Ашкабад, Туркменистан, што претставува уште едно големо признание за неговиот талент и знаење. За жал, поради настанатата ситуација, не му беше овозможено да отпатува и да ја претставува нашата држава на овој меѓународен натпревар.

Градоначлникот Кирил Пецаков му честиташе на постигнатиот успех, му поска во иднина неговите достигнувања да бидат што поголеми, а со тоа и целиот град да се гордее.

Овој успех е доказ дека трудот, упорноста и љубовта кон знаењето секогаш носат резултати. Нека ова биде само почеток на уште многу успеси, признанија и освоени врвови во иднина.

Ахмед Сулејман е ученик во втора година во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.