СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (31) од Охрид поради постоење основи
на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет
на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 28.05.2025 на ул.„Васил Главинов“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило „јагуар“, при што тој фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што, исто така,
пронајдена е и одземена марихуана.












