Турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ стигна до својата голема завршница. По денови исполнети со спортски возбудувања, неизвесни натпревари, навивачка атмосфера и дружење, утревечер ќе бидат познати конечните победници на годинашното издание на традиционалниот турнир.
Организаторите истакнуваат дека вистинската вредност на турнирот не се само освоените трофеи и пласмани, туку пријателствата, заедништвото и убавите спомени создадени меѓу учесниците и посетителите во изминатите денови.
Во пресрет на финалната вечер, тие упатија искрена благодарност до сите екипи, спонзори, поддржувачи, навивачи и љубители на спортот кои со своето присуство и поддршка придонесоа за успешна реализација на Турнирот „Враништа 2026“.
Од организацискиот одбор ги повикуваат сите граѓани и љубители на фудбалот да бидат дел од последната турнирска вечер и заедно да ги поздрават најдобрите екипи, уште еднаш потврдувајќи дека Враништа е место каде спортот, дружењето и заедништвото одат рака под рака.
Според програмата, натпреварот за третото место ќе започне во 21:30 часот, додека големото финале е закажано за 22:30 часот.















