АктуелноОхрид

Отворени нови простории на ООЦК Струга за унапредување на младинските активности

Во Струга денеска свечено беа отворени новите простории на Општинската организација на Црвениот крст, со што се обезбедува современ и функционален простор за реализација на активности и проекти насочени кон младите.

На настанот присуствуваа бројни гости и соработници, меѓу кои генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, како и градоначалникот на Струга, Менди Чира. Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста од вложување во младинскиот сектор и поддршката на иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата.

Саит Саити ја нагласи улогата на младите како двигатели на позитивни промени, при што ја поздрави посветеноста на локалната организација. Во знак на благодарност за неговиот придонес, од страна на ООЦК Струга му беше врачена благодарница.

Отворањето на новите простории претставува значаен чекор напред за организацијата, овозможувајќи подобри услови за работа, едукација и реализација на идни проекти во корист на граѓаните.