АктуелноОхрид

Пријавено во полиција дека 14-годишник бил физички нападнат од 16-годишник на игралиште во Охрид

На 29.03.2026 во 00:15 часот во СВР Охрид  лице на (49) од Охрид пријави дека на 28.03.2026
околу 22:40 часот на игралиште во Охрид неговиот 14-годишен син бил физички нападнат
од 16-годишник.

Во врска со настанот во полициска станица извршен е службен разговор
со 16-годишникот и неговиот родител. По целосно документирање на случајот ќе следува
соодветен поднесок.