Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лице на (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.04.2025 во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.









