На 11.03.2026, со судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија претрес во домот на лице на (46) од охридското село Пештани.
Притоа, пронајдени се семки од растението канабис сатива.
Тие се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.










