АктуелноИздвојувамеНаш изборНаш ИзборПоследни Вести

Теа Донева и Лука Колевски шампиони и во џудо !

Успех на младите охридски спортисти и во џудо – злато за Теа Донева, сребро за Лука Колевски кои на државното првенство настапија за клубот Дрим од Струга.

Младите спортисти Теа Донева и Лука Колевски, кои примарно се членови на Боречкиот клуб Аждер од Охрид и досега ја радуваа охридската спортска јавност со бројни успеси во борење, денес остварија значаен резултат и во џудо.

На Државното првенство на Македонија во џудо за категоријата U21, Теа Донева освои прво место и златен медал, додека Лука Колевски го освои второто место и сребрениот медал.

Донева и Колевски на првенството настапија како натпреварувачи на Џудо клуб Дрим од Струга, под водство на тренерот Ѓорѓиј Стојанов, при што уште еднаш ја потврдија својата спортска подготвеност и талент во боречките спортови.

Овој успех претставува уште едно значајно признание за младите спортисти кои паралелно постигнуваат резултати и во борење и во џудо, достојно претставувајќи ги своите клубови и охридскиот спорт.

Инаку под водство на Илија Спасески и тимот  во Фитбокс на своите физички перформанси тренираат  најголем од од најуспешните охридски спортисти од најразлични спортови, од фудбал, таекводно, атлетика и т.н.