АктуелноОхрид

Николоски: Следната недела стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром

Следната недела започнува реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот на ТВ Сител.

Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализиран, што, истакнува, беше тежок процес.

Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје, истакна синоќа вицепремиерот Николоски во поткастот на ТВ Сител – соопшти Министерството за транспорт.