АктуелноОхрид

(ФОТО) Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струга-Дебар кај с. Враништа

Попладнево се случи сообраќајкна незгода на магистралниот пат Струга- Дебар , поточно во населеното место Враништа.

Судрени се две патнички моторни возила од кои едното завршило во столб крај патот. Според информациите едно лице со тепки повреди на главата итно е пренесено во струшката болница.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, при што сообраќајот се одвива отежнато, со наизменично пропуштање на возилата од едната коловозна лента.