АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана од возило во кое биле две лица на 18 години на регионалниот пат Струга-Дебар

На 12.02.2026 во 18:50 часот на паркинг простор на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (18)  а на службен разговор е повикан лице на (18), двајцата од струшкото село Долна Белица.

При преглед во паркирано патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.