АктуелноОхрид

Одржан училишен натпревар во образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина на тема „Свечена шминка“

Во рамките на проектот „Вештини за иднината -Skils 4 future“ во соработка со Занаетчиската комора на Македонија , а во организација на средното училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„ Охрид на ден 13.02.2026 беше одржан училишен натпревар во образовниот профил техничар за косметичка нега и убавина во областа на шминкање на тема „Свечена шминка“.

На натпреварот учествуваа девет ученички кои беа подготвувани од страна на менторите за професионална шминка Сашко Георгиески -студио „Арс Нова“, Есма Сабри -„S-lady“, студио Make up by Симона Попоска, и проф. Жанета Стаиќ.

Натпреварувачите имаа можност да ги покажат своите таленти и умешност во областа на шминкањето. Од нив во тесна конкуренција беа избрани четирите ученички  Ресмије Селоска, Матеа Стојкоска, Сумеја Пилиќ и Адела Мехмедоска. како победнички за учество на регионалниот натпревар во шминкање во престојниот период.

Ваквите проекти претставуваат позитивна насока во делувањето, усовршувањето и развивањето на вештините во шминката за младите потенцијални кадри, кои ги поттикнуваат да се посветат уште повеќе кон усовршување на својата идна професија.