АктуелноОхрид

Празнување на патронатот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на  6 февруари – петок од 13.00 часот со традиционалната манифестација „Прличеви беседи 2026“ достојно ќе го одбележи својот патронен ден.

Годинава во рамките на општинската прослава Библиотеката се вклучува со премиерата на документарниот филм „По стапките на Прличев“ работен по сценарио и режија на м-р Милчо Јованоски,
вработен во Библиотеката. Во филмот со свои искажувања за Прличев и неговиот живот и дело зборуваат 11 еминентни професори, доктори на науки, слависти и македонисти и
историчари. Тие фрлаат нова зрак светлина врз неговата преродбенска, книжевна и национална вредност актуелна во неговиот XIX век.

На истиот настан на младата Софија Стојанова од Струмица ќе и’ биде врачена наградата за најдобра беседа за 2026 на тема; „По песната птиците се разликуваат“. Таа ќе добие ваучер од 9000
денари и признание со ликот на Вториот Хомер – Григор Прличев.

Манифестацијата ќе ја отвори директорката на Библиотеката Христина Трпеска а ќе биде одржана и традиционалната Прличева визита со локум и леблебија.

 

НУ Библиотека