АктуелноОхрид

(ФОТО) Општина Струга вечерва во боите на ретките болести

Ретките болести опфаќат повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот. Повеќето од нив се невидливи, честопати недијагностицирани и без третман — но откако ќе бидат дијагностицирани, постојат луѓе кои се борат секој ден за подостоинствен живот.
Се солидаризираме со сите луѓе кои живеат со ретки болести, со нивните семејства и со нивната борба.
Ве гледаме, ве слушаме и ве поддржуваме. Не сте сами.
✨️️ Вечерва е осветлена Општина Струга, како симбол на надеж, свест и поддршка за сите оние кои живеат со ретки болести – во светот и во Северна Македонија.