АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, кај селото Требеништа

 

Утринава на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на приклучокот кон селото Требеништа, се случила сообраќајна несреќа во која, според првичните неофицијални информации, учествувале повеќе возила. Во моментов нема официјални податоци за повредени или настрадани лица.

Од терен пристигнуваат само фотографии од очевидци кои кружат на социјалните мрежи, додека надлежните служби сè уште не излегле со официјално соопштение за причините и деталите од несреќата.

Сообраќајот на овој дел од патот е отежнат, а можно е и привремено пренасочување додека трае увидот. Апелира се до возачите да бидат особено внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патот и да ги следат инструкциите на полицијата и службите на терен.

Очекуваме повеќе информации во текот на денот, по завршување на службените постапки и увидот на надлежните органи.