АктуелноОхрид

Почуствуван слаб земјотрес во Охрид

Рано утрово, жителите на Охрид и околината почувствуваа слаб земјотрес.​

Според првичните сеизмолошки податоци, потресот е регистриран во 03:18 часот, а епицентарот на земјотресот е лоциран во близина на селото Велестово, на падините на планината Галичица, на длабочина од 15 километри.​

Јачината на земјотресот изнесувала 2.2 степени според Рихтеровата скала.​

Поради нискиот интензитет, земјотресот бил почувствуван само од помал дел од населението во охридскиот регион, главно од оние на повисоките катови.