Во пресрет на новогодишните празници, во клубот за борење „Аждер“ од Охрид, кој функционира во состав на фитнес центарот „Фитбокс“, деновиве владееше вистинска празнична атмосфера.

Во клубот пристигна Дедо Мраз, кој лично им подели новогодишни пакетчиња на најмладите членови што тренираат боречки спортови, како и на децата кои се дел од програмите на БК Аждер и „Фитбокс“. Настанот беше исполнет со радост, насмевки и возбудување кај најмладите спортисти, кои покрај вниманието и изненадувањето што го добија, имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз.

Секоe дете може да превземе професионална фотографија како траен спомен од овој момент, а фотографиите се обезбедени целосно бесплатно. Со оваа активност, клубот „Аждер“ и „Фитбокс“ уште еднаш покажаа дека, покрај спортските резултати и дисциплината, големо внимание посветуваат и на другите вредности – радоста на децата, тимскиот дух, заедништвото и создавањето убави спомени.

Настанот беше уште една потврда дека спортските клубови можат да бидат вистински места за детска среќа, дружба и позитивна енергија, а празничната магија и оваа година успеа да ги обедини најмладите љубители на спортот во Охрид.













