Денес заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски,градоначалниците на општина Кичево Александар Јовановски и општина Дебарца Златко Сиљаноски,пратеникот Ѓоргија Сајкоски,заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски извршиме увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид.
Па така, од Изведувачот и Надзорот бевме известени дека во моментов се работи на стабилизација на косините, како дел од подготовките за понатамошни градежни активности кои одат во насока на тоа што поголем дел од автопатот во изградба да биде функционален и ставен во употреба за полесно патување до туристичкиот центар Охрид. На подделницата 1 и 2 се работи припрема на заштитни мерки на косини и тоа со пошумување,
поставување на геокомпозитна мрежа, прскање со бетон. На косина на стационажа на 15ти километар се изведува решение со галерија и се работи на бушење и бетонирање на шипови, оплатирање армирање на плоча, оплатирање армирање на кружни столбови, армирање и оплатирање на потпорен ѕид.











