Учениците од IV одделение при ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга, заедно со своите родители, денеска учествуваа во активност за хортикултурно уредување на училишниот двор, засадувајќи цвеќиња што ги донесоа од своите домови.
Со многу љубов, ентузијазам и заеднички труд, тие придонесоа училишниот двор да добие пошарен и поубав изглед, создавајќи попријатна средина за престој и учење.
Преку ваквите активности, учениците практично учат за важноста на грижата за природата, ја развиваат еколошката свест и ги негуваат вредностите на заедништвото, одговорноста и меѓусебната соработка.
Посебна благодарност од училиштето е упатена до родителите за нивната поддршка и активното учество во реализацијата на оваа иницијатива, со која уште еднаш се потврдува значењето на соработката меѓу училиштето и семејството.
Од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга порачуваат дека со заеднички сили можат да создаваат поубава училишна средина и да ги поттикнуваат најмладите да растат со љубов и почит кон природата.
Заедно садат цвеќиња, негуваат вредности и создаваат поубава училишна средина!



















