„Убавините на езерото, градот и спортот“ е насловена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник, што ќе биде отворена во петок, на 26-ти декември 2025 година.
Преку оваа изложба на едно место ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сѐ љубовта кон малите и големите нешта што животот и природата ни го даваат.
Отворањето на изложбата е во 19:00 часот, во просториите на Младински центар Охрид, а промотор ќе биде режисерот Илија Пиперкоски.
Петар Паунче – Скитник потекнува од познато фотографско семесјство и од мали нозе се запознава со убавината на светот, гледана гледана преку објективот на камерата. Низ годините преку своите фотографии успешно ја доловува смеата на непознатите туристи, моќта на езерските бранови, мирното пловење на едрилиците, упорноста на маратонците и водената игра на малите палавковци. Старата калдрма и куќите што горделиво испишуваат историја, бројните цркви што како кралици се портегаат над езерската шир се бајковито пресликани преку објективот на Скитник.
ohridpress.com.mk












