АктуелноОхрид

Република Македонија во октомври ја посетиле вкупно 109.535 туристи, а Охрид го посетиле 23 088 странски гости

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 59.704. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Турците – 4.612, по кои следуваат гостите од Германија 3.412, Србија 2.185, од Грција 1.001…

На ниво на државата, Република Македонија во октомври ја посетиле вкупно 109.535 туристи, од кои 23.883 биле домашни, а 85.652 странски. Остварени се вкупно 204.718 ноќевања.

Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, кај домашните туристи е забележано намалување за 2.3 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %. Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6,4%.