АктуелноОхрид

Собраните средства од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски, ВИС „Билјана“ Охрид ги донираше на одделението за педијатрија при Општата болница

Вокално инструменталниот состав „Билјана“ Охрид , собраните средства од хуманитарниот концерт кој го одржаа во чест на Андреј Лаброски оваа година ги донираа на одделението за педијатрија при општата болница во Охрид.  Како што истакнуваат членовите на групата во својата објава на ФБ, вкупната вредност на средствата е 180 илјади денари.
-Би сакале да ве информираме дека средствата собрани од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски кој се одржа оваа година, ВИС Билјана заедно со @brightmarbles.mk и @viktorskiiiii донираа средства во износ од 180.000 денари на одделението за педијатрија во општа болница Охрид.
Донирани се:
-Два клима уреди и сервис на еден клима уред
-ЕКГ со педијатриски штипки и пумпици
– Пулсоксиметар со неонатален сензор
– Четири медицински креветчиња
Од срце благодариме на сите кои донираа, се надеваме дека со ова ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги на нашите најмали пациенти
Ваши ВИС Билјана, пишува во објавата.