ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ – Вевчани продолжува континуирано да ги подобрува условите за работа и квалитетот на здравствените услуги, како за медицинскиот персонал така и за пациентите.
„Секоја поддршка која придонесува за подобра организација, побрза услуга и поквалитетна грижа за пациентите е од огромно значење за нас. Благодарни сме за соработката и поддршката, изразувам искрена благодарност во име на вработените на ЗД Вевчани,“ вели директорката на установата, Рената Пешиноска.











