АктуелноОхрид

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 12 часа макотрпно работат на санација на дефектот во село Пештани

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 12 часа макотрпно работат на санација на дефектот во село Пештани, но поради компликации настанати при санацијата на непристапниот и ризичен терен за работа во ноќни услови и за да не биде загрозена безбедноста на работниците, санацијата се прекинува и со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.