Вечерва уживавме во искрените насмевки и шарениот свет на нашите најмлади, по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“.
На моја голема радост, имав чест да бидам дел од оваа весела свеченост која ни ги исполни срцата со убавина и уште еднаш ни потврди што е нашето најголемо богатство.
Голема благодарност до сите вработени во градинката за нивниот огромен труд, посветеност и трпение во создавањето на оваа прекрасна приредба, посветена на патронот Јасна Ристеска и во чест на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.









