АктуелноОхрид

Николоски: Се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово, преку својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид.

-Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија, напиша Николоски, кој сподели и видео од изведувањето на градежните активности.