АктуелноОхрид

Пецаков: Подготвен сум за уште повеќе работа за да реализираме уште повеќе успешни проекти кои ќе го истакнат и зачуваат уникатниот дух на нашиот град

Грижата за нематеријалното добро отсекогаш била мој врвен приоритет! Чувството на среќа и гордост е огромно кога гледам како со нашата работа и поддршка успеваме да зачуваме и возобновиме она што е навистина вредно и репрезентативно за Охрид.
Охрид е ризница на култура, традиција и наследство кое мора да се негува. Затоа, ве уверуваме дека и во наредниот мандат поддршката продолжува и тоа со уште поголем интензитет!
Подготвен сум за уште повеќе работа за да реализираме уште повеќе успешни проекти кои ќе го истакнат и зачуваат уникатниот дух на нашиот град.
Охрид не запира повеќе!