АктуелноОхрид

Сиљаноски: Директна поддршка за локалните бизниси: Секој постоечки и нов маркет ќе добива 12.000 денари месечно

Нашите претприемачи и домаќини се двигателот на Дебрца. Тие секој ден отвораат работни места, ги услужуваат нашите сограѓани и ја градат иднината на нашата општина.
Време е општината да застане цврсто зад нив, не со зборови, туку со конкретни дела.
Мојот план е јасен и директен.
Создаваме силна локална економија преку:
🛒 Директна поддршка за локалните бизниси: Секој постоечки и нов маркет ќе добива 12.000 денари месечно. Да им помогнеме не само да опстанат, туку и да растат!
🏞️ Инвестиција во туризмот: Обезбедуваме неповратна помош до 200.000 денари за сите кои сакаат да градат или прошируваат угостителски и сместувачки капацитети. Да ги претвориме нашите убавини во успешна приказна.
🤝 Вложуваме во луѓето на Дебрца, бидејќи тие се нашата најголема сила. Вашата доверба е моја обврска да создадеме општина во која секој што работи, може и да успее.
♥️ Заедно за економски силна Дебрца!