АктуелноОхрид

Лице од кичевско Стрелци фатен како вози со 1,86 промили алкохол во крвта

На 22.09.2025 година во 20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на железничката станица во Кичево од слобода го лишија  лице на (28) од кичевското село Стрелци.
При вршење на увид на претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал  лице  со неговото патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, било констатирано дека возел под дејство на алкохол, односно имал 1,86 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ