АктуелноОхрид

Што дишат вечерва Струга и околината?!

Втора вечер  по ред Струга и околината „дишат“ депонија. Градската депонија која се наоѓа на „атрактивно“ место, сега веќе до самиот новоизграден мол „Набизи“ ги труе уште повеќе посетителите но и околината.

Воздухот кој го дишат стружани мириса на се и сешто, од гума, па се до непријатни миризби кои горат.

Никој од надлежните нема слух ни малку за ваквата секојдневна појава која со години се провелкува и трае без конкретни резултати или пак во крајна мера дислокација на оваа депонија која со оглед на структурната развиеност на оваа територија веќе се наоѓа во центар на Струга.