На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025г на Светлана Мојсов.
Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД. Таа има огромен придонес во современата македонска медицина, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.
Нашиов град кој денеска се поклонува во чест и спомен на најголемиот светител и просветител Св. Климент Охридски, денеска е и центар на Хуманизмот што векови и векови пред нас го основал тoкму тој, големиот Климент кој верувал дека со Просвештение се доаѓа до сапсение.
Во време на планетарни потреси, климатски промени, природни катастофи, поплави, бури и пожари со невидени размери, со воени жаришта и конфликти во кои се вовлекува цел Свет школата на хуманизмот доаѓа како мелем, дрво од рајот кој испушта длабоки кореник, а неговите кислородни капки не спасуваат од нашето битисување.











