АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Вечерва под отвореното небо , се одржа третото издание на Night Car Show

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите кои ја делат истата страст – љубовта кон автомобилите. Ова не е само настан, ова е своевидна изложба на технологијата, дизајнот и креативноста.
Секој автомобил има своја приказна. Секој е дело на посветеност, трпение и страст. Од класичните убавици кои го носат духот на минатото, преку современите суперѕверки кои ги поместуваат границите на брзината, до уникатните модифицирани возила кои ја отсликуваат личноста и карактерот на нивните сопственици.
Овој настан е посветен на возачите, на ентузијастите, на механиката, на дизајнерите односно на љубителите на уникатните авотмобили. Вие сте срцето на оваа автомобилска култура.
Прекрасно и уникатно шоу! Браво Urban Street Car Club Ohrid