АктуелноОхрид

(ФОТО) Премиерот присуствуваше на хиротонија на архимандритот Георгиј

Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фрјсбук профил.

Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, додаде Мицкоски.