АктуелноОхрид

Теа Донева од Б.К. Аждер нижи успеси на европска сцена

Охриѓанката Теа Донева од Б.К. Аждер настапи на Европско првенство во женско борење до 15 години и во силна конкуренција успеа да осртвари забележан резултат. Таа се избор иза една победа против натпреварувачка од Бугарија и имаше еден пораз од натпреварувачка од Азејберџан. Донева на ова Европско првенство е водена од селекторот Мајран Христов. Во моментов Теа Донева е на 14 место на ранг листата на Европа. Теа Донева борење тренира само една и пол година, во Б.К. Аждер , а нејзин тренер е основоположникот на борењето во Охрид Илија Спасески. Клубот во Охрид постои нецели две години и со максимална посветеност на тренерот Илија Спасески како и младите борачи и борачки кои се фокусирани кон целта резултатите стигнаа за кратко време.