Секојдневие им стана на граѓаните да живеат во град, кој освен смет и прашина и по некој фестивал за своја душа на локалната власт, нема што друго да понуди.
Пример, Булевар ,,Туристичка” – лицето на Охрид !
Испукани тротоари, дупки на секој чекор, испакнати шахти кои претставуваат опасност и за пешаците и за велосипедистите.
Најфреквентната улица во градот изгледа како да сме на периферија, а не во туристички центар.
Едната страна од тротоарот се реновираше ДВА ПАТИ, вториот пат секако оваа локална власт која немајќи идеја за своја реализација,ќ го повторува она што е веќе сработено, меѓутоа замислете тие ,,реновираа” со старите бекатон коцки – навистина иновативно, а другата страна е оставена да пропаѓа 4 години.
4 години чекање. 4 години молк. 4 години игнорирање од локалната власт.
А улицата што треба да биде симбол на градот? Срам и опасност.
Пешаците не се второкласни граѓани. Велосипедистите заслужуваат безбедност. А ,,Туристичка” заслужува третман достоен за нејзиното име.
Со почит,
Центар за комуникации на ОО на СДСМ Охрид












