АктуелноОхрид

При претрес во дом на охриѓанец пронајден и одземен кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (30)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес кај него и во неговиот дом во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин.