АктуелноОхрид

Ден 3- Охридска новогодишна приказна

Утре на 26.12.2024 година (четврток) со почеток во 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз е на пат“. Низ креативна игра, интересни згоди и незгоди, актерите Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ ќе им пренесат на дечињата поучна новогодишна порака.
🎸Со почеток во 18:00 часот за добрата забава на градскиот плоштад ќе се погрижи бендот HUMANE, кој е формиран на иницијатива на Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Овој бенд е резултат на трудот и посветеноста на талентираните волонтери: Иво Георгиески, Теона Талевска, Мартин Мацкоски и Исидора Митреска.
🎹Во 19:00 часот во Хотелот „Инекс Олгица“ ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на Валцер и танго.
💃Со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Танцовиот фестивал „Охрид танцуваТ“, најавува градоначалникот Кирил Пецаков.