АктуелноОхрид

Предлогот на Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид денеска пред Комисијата за култура и туризам

Членовите на Комисијата за култура и туризам денеска ќе расправаат по повеќе точки.

Ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Предлогот на законот за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Предлог на законот за изменување на Законот за музеите, Предлог на законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за филмската дејност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Предлог на законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, Предлог на законот за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, Предлог на законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Предлог на законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење и Предлог на законот за изменување на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

Сите се во второ читање.

извор: МИА