Во духот на траспарентното работење, би сакал да ја информирам јавноста дека основниот буџет на Општина Охрид за наредната година изнесува 1.210.850.000 денари, а вкупниот буџет е 1.957.195.223 денари.
Станува збор за историски најголем буџет на општината, перспективен и развоен и истиот ќе значи многу за Охрид и неговите граѓани.
Општина Охрид втора година со ред, 2023 и 2024 година уште на почетокот на ноември остваруваше 100% од приходната ставка на буџетот и двете години со ред пренесувавме салдо во новиот буџет кој можевме да го планираме.
Претходно, најголемиот дел од средствата ги искористивме за одблокирање на сметката на Општина Охрид, а сега најголем дел од средствата се предвидени за капиталните инвестиции, но и поединечно по ставки во животна средина, туризам, локален економски развој, спорт, култура, социјална заштита и за подобрување на условите за живеење во сите делови на општината.
Горд сум што Општина Охрид после многу години застанува на здрави нозе, посебно од финансиски план и се радувам што ни претстои еден инвестициски бум по однос на капиталните инвестиции, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.