Плочата посветена на борците од НОБ кои биле судени од Фашистите во Втората Светска Војна утрово повторно е поставена , но сега покрај зградата која се изгради на местото од старата куќа во која било организирано судењето.
Спомен обележјето утрово го монтирале екипи на ЈП Нискоградба од Охрид.
Станува збор за нова мермерна плоча на која е поставен натпис со опис на историскиот настан и испишани се имињата на судените.
Зградата која се изгради на местото на куќата има одобрение за реконструкција на старата куќа и е предмет на одредени постапки пред институциите кои не завршуваат.