Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и првата седница
на Советот на општина Охрид на ден 25.12.2024 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 49-та седница и Записникот од 50-та седница
-
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа и развој на ЈП„Градски Пазар“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Градски Пазар“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредноста на бодот за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП „Водовод“ – Охрид кои имаат статус на административни службеници за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за набавка на патничко моторно возило.
- Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2025 година.
- Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година.
- Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2025 година.
- Предлог-годишна програма за спорт и рекреација за 2025 година.
- Предлог-програма за млади и невладини организации за 2025 година.
- Предлог-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година.
- Предлог-програма за одбележување празници и манифестации во 2025 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2025 година.
- Предлог-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година.
- Предлог-програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за еднакви можности на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2025-2027 година.
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во 2025 година.
- Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2025 година.
- Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година.
- Предлог-програма урбана опрема-изградба и одржување за 2025 година.
- Предлог-програма за други комунални услуги за 2025 година.
- Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДА реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на пристапните патеки кои се во рамките на градските гробишта во град Охрид.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДБ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект-локален пат до крстосница за село Рамне до црква Св.Атанасиј-општина Охрид.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДЦ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за локалниот пат во село Опеница кој води до црквата Св.Кузман и Дамјан-општина Охрид.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДД реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за локален пат во село Куратица-општина Охрид.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДЕ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект во село Пештани.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДФ реализација на основен проект за реконструкција на инфраструктурен објект за улица во село Подмоље.
- Предлог-програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-подпрограма ЈДГ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улица во село Долно Лакочереј.
- Предлог-програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година-подпрограма ЈГА реализација на проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“ во општина Охрид.
- Предлог-програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година-подпрограма ЈГБ реализација на основен проект за реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ – ЛТХ Леарница.
- Предлог-програма за јавно осветлување за 2025 година.
- Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2025 година.
- Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година.
- Предлог-годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во општина Охрид.
- Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
- Предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
- Предлог-одлука за давање согласност за склучување измени и дополнувања на Колективниот договор на општина Охрид.
- Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
- Предлог одлука за избор на член во Управниот одбор на ЈП „Водовод“ – Охрид.
- Предлог-одлука за избор на член во Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП „Водовод“ – Охрид.
- Предлог-одлука за избор на член во Управниот одбор на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид.
- Предлог-одлука за избор на член во Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид.
- Предлог-одлука за избор на член во Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.
- Предлог-одлука за избор на членови во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.9 (А2.2 – згради за домување во низа) од ДУП за УЗ 8, УБ 8.1 опфат 1 Општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.55 КО Лескоец, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 27.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 28.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 40.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.878 КО Охрид 4, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.907/1 КО Оровник, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.941/52 КО Оровник, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.941/53 КО Оровник, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.954/9 и КП.бр.954/1 КО Оровник, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.972/1 и КП.бр.972/2 КО Оровник, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1139/1 КО Долно Лакочереј, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1220 КО Куратица, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1350/1, 1350/2, 1351/2, 351/2, 1349, 1363, 1365/1 и 1364 КО Лескоец, повеќе објекти.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1552 КО Лескоец, објект 2 и објект 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1712 КО Лескоец, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2560/2 КО Охрид 4, објект.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1892 КО Лескоец со бр.08-11999/38 од 30.09.2024 година.