Наш ИзборНаш изборОхрид

Запрено возило со скопски ознаки во кое е пронајдена прашкаста материја

На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода го лишија лице на (38), а на службен разговор го повикале лице на (32), двајцата од Охрид.

Полициските службеници, на булеварот „Туристичка“, запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале лицето како исфрла пакување со прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.