Еден од најпознатите македонски планинари кој на Инстаграм е познат како Мики Експлорер помина 24 часа на планината Галичица, преспа во шатор, скијаше на планината, а на врвот Магаро, сними видео разгледница од цел западен дел на Македонија , гледајќи во врвовите на планините Пелистер, Јабланица, Бистра, Шар Планина и врвот Солунска Глава.
Галичица за Охрид со децении е „Заспана убавица“ која е во длабок сон со децении и на неа нема никаква туристичка валоризација, а освен авантуристи кои сами одат на планината во зима патот е затворен и не е дозволено да се движите по него.