Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека тие се камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани.
Во насока на обезбедување на подобри услови за спортски развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.
Продолжуваме кон уште поголеми успеси #ТриГодиниПромениВоОхрид, истакнува градоначалникот Кирил Пецаков.