АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“, со што се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола

default

Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“, со што се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола.
Предвидена е реконструкција на тротоарот и коловозот, како и поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.
Вкупната вредност на проектот е 8.367.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на проектот е АД “Илинден”.
Со овој зафат, кружниот тек ќе добие современ изглед и ќе ја подобри безбедноста на сообраќајот во овој дел на градот, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.