Жител на Струга до нашиот портал јави дека во една пицерија во Охрид пронашол новчаник со пари, па преку оваа објава бара да му се јави лицето кое ги изгубило парите.
„Парите се пронајдени во пицерија во Охрид, тој што ги изгубил да опише каде се изгубени, сума и валутни картички“ – стои во дописот кој ни го испрати лицето пронаоѓач.
Доколку си ти тој пиши во ИНБОКС на нашата ФБ страна и кажи кога, во која пицерија, колку пари и во која валута си изгубил, по што ние ќе те поврземе со чесниот наоѓач.