Колони возила за влез и излез од Струга. Вака е секојдневната глетка во овој град, бидејќи на главната сообраќајница која води кон центарот на Стреуга се случува сообраќајно-градежен хаос.
Имено во центарот на градот, кај поранешната селска автобуска станица, просторот кој сега е адаптиран за паркинг мал простор се поставуваат бекатонки на тротоарот и тој дел е заграден до коловозната лента, a се надоградува и паркинго просторот.
За парадоксот да биде поголем наспроти овој простор од другата страна во фаза на реконструкција еи старат градба каде и од таа страна колвозниот дел е преграден со запштитна ограда, при што не постои можност за разминување на две возила истовремено.
Потребно е застој од едната страна за наизменично да поминуваат возила во двете насоки. Сето ова се случува секојдневно во централното подрачје на градот а никој од надлежните не превзема ништо за решавање на проблемот.