ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41 и 36 годишни лица, двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација на улица „Маршал Тито“ во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекинат со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење.