Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува сите физички и правни лица на територијата на Општина Охрид кои ги користат услугите на јавното претпријатие дека во периодот кој следи, заклучно до 31.12.2024 година ќе пристапи кон тужење за сите фактурирани, а неплатени сметки.
Со таа цел ги повикуваме сите физички и правни лица кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот кои го имаат спрема Ј.П.,,Охридски Комуналец”, за истите да не бидат изложени на дополнителни трошоци кои ќе настанат по повод поднесените тужби.
Корисниците долгот можат да го подмират и преку системот за електронска наплата со што им овозможуваме на корисниците онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија. Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат.